Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2017

Голманот на Сатон даде отказ поради истрагата за обложување

Голманот на англискиот петтолигаш, кој во понеделникот јадеше сендвич во текот на натпреварот со Арсенал во ФА купот, поднесе оставка во клубот.

Четириесет и шестгодишниот Вејн Шоу беше резервен голман на најголемото изненадување во ФА купот, но по натпреварот се најде под истрага на ФА и Комисијата за обложување токму поради сендвичот.
Додека целиот свет се забавуваше со снимката како Шоу јаде сендвич со месо на седум минути пред крајот на натпреварот кој Сатон го изгуби со 2-0, излезе дека во англиските обложувалници имало опција да се обложите дека тоа и ќе го направи.
Квотата била осум, Шоу за радио Би-би-си 4 изјави дека бил гладен и дека се забавувал, но во изјавата на „Дејли мејл“ признал дека познава неколкумина коишто се обложувале на тоа.
На крајот и обложувалницата која го спонзорирала Сатон за натпреварот со Арсенал открила дека исплатила петцифрен износ на тој облог.

Најнови вести