Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2017

Сампаоли: ќе ги дадеме животите против Лестер

Хорхе Сампаоли, тренерот на фудбалерите на Севилја, изјави дека претстојниот натпревар против Лестер во Лигата на шампионите е одлучувачки во историјата на клубот.

Фудбалерите на Севилја вечерва, од 20.45 часот на свој терен играат против Лестер во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Реваншот на програмата е на 14-ти март во Англија.
„Вечерва ќе ги дадеме своите животи. Тоа е одлучувачки натпревар во историјата на нашиот клуб. Само размислуваме за тој натпревар, да одиграме квалитетно и да стекнеме предност пред реваншот“, изјави Сампаоли.
Тој додаде дека клучно ќе биде екипата да одигра добро во одбраната, бидејќи очекува дека ќе продолжи со добрата игра во нападот.
Во одбраната на шпанската екипа ќе игра Клемен Лангле, кој во јануари дојде од Нанси и влезе во првиот тим откако Николас Пареха доби црвен картон на почетокот на натпреварот со Еспањол (1-3).
Лангле оттогаш играше во секој натпревар, а екипата нема примено гол кога тој беше на теренот.
„Ова е прв пат да бидам во екипа која игра во Лигата на шампионите. Сето ова е ново за мене, но возбуден сум. Ова е многу важен натпревар за клубот“, изјави 21-годишниот дефанзивен играч.
Севилја во натпреварот влегува со три последователни победи без примен гол. Шпанскиот тим во последните три години ја освојуваше Лигата на Европа, а сега ќе се обиде да се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите за прв пат по 60 години.

Најнови вести