Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2017

Санти Касорла ја заврши сезоната

Санти Касорла, фудбалерот на Арсенал, нема да се врати на теренот до крајот на сезоната поради повреда на глуждот, пренесуваат англиските медиуми.

По неколкуте операции и проблемите со закрепнувањето, кое трае подолго отколку што се очекуваше, одлучено е сепак да не ја продолжи сезоната.
Шпанецот е надвор од теренот од октомври минатата година, кога се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите со Лудогорец. Оваа сезона настапи само осум пати во Премиер лигата, а ова му е втора последователна сезона која мораше порано да ја заврши поради повреда.
Според пишувањата на медиумите, Касорла на теренот ќе се врати во август, на подготовките за новата сезона.
Иако по сите случувања имаше сомнение дека Касорла ќе остане во клубот и по истекувањето на договорот во јуни, минатиот месец тој ја продолжи соработката на уште една година. Тоа значи дека фудбалерот ќе има шанса да се врати во форма и да биде еден од клучните играчи во тимот на Арсен Венгер.

Најнови вести