23.2.2017 Интер и Рома го финализираат трансферот на Манолас
Во недела се игра дерби-натпреварот од 26-тото коло на Серија А меѓу Интер и Рома.
Челниците на домашниот клуб сакаат да го искористат доаѓањето на луѓето од управата на Рома и да го договорат трансферот на Костас Манолас.
Интер на „волчицата“ ќе ѝ понуди да ѝ плати 45 милиони евра за трансферот, а на фудбалерот плата од три милиони евра по сезона, што е значително повеќе со оглед на тоа дека во досегашниот клуб заработува 1,8 милиони евра годишно.
Костас Манолас во Рома, со која има важечки договор до летото 2019 година, дојде во 2014 година од грчкиот Олимпијакос.