Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2017

Мхитарјан и Карик ќе го пропуштат финалето на Лига купот

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека двајцата многу важни играчи Мајкл Карик и Хенрих Мхитарјан ќе го пропуштат финалето на Лига купот против Саутхемптон.

„Тие се многу важни играчи за нас и многу е комплицирано тоа што нема да ги имаме во составот за финалето против Саутхемптон. Но, сега некои други играчи ќе имаат шанса да се искажат“, изјави менаџерот на Јунајтед.
Мурињо во негов стил го нападна и густиот распоред што го има неговиот тим.
„Можете да се повредите и во бањата или работејќи во бавчата. Но, поголема е веројатноста ако одите во бањата или во бавчата по десет пати дневно. Не жалам што ги ставив во тимот против Сент Етјен, повторно тоа би го направил“, изјави Мурињо.

 

Најнови вести