Корисничко име Лозинка Пријави се
24.2.2017

Челзи и Сити ја користат поделбата во Јувентус, Бонучи си оди

Манчестер сити и Челзи не чекаа долго да се јават за да го искористат судирот во Јувентус и налето да го доведат дефанзивниот играч Леонардо Бонучи.

Бонучи е отстранет од тимот поради кавга со тренерот Масимилијано Алегри, дури дуелот против Порто во Лигата на шампионите го гледаше од столче во ложата бидејќи немало место за него покрај челникот, што го разлути и е подготвен да си оди од Торино по завршувањето на сезоната.
Дваесет и деветгодишниот стопер минатиот декември го продолжи договорот со Јувентус до 2021 година, во тој момент го отфрли повикот од Манчестер сити, дури за двојно подобри услови.
Сега околностите се променети, одамна е познато дека Пеп Гвардиола, менаџерот на „граѓаните“, многу го цени Бонучи, додека Антонио Конте, менаџерот на Челзи, го направи Италијанецот еден од најдобрите дефанзивни играчи на светот додека беше во Јувентус.
Бонучи има слатки маки,дали да ја обнови успешната соработка со Конте или да оди кај Гвардиола, за кого често изјавуваше дека му се воодушевува.

Најнови вести