Корисничко име Лозинка Пријави се
24.2.2017

Менхенгладбах одличен во Фиренца, крај за Тотенхем

Познати се уште седум учесници во осминафиналето на Лигата на Европа.

Копенхаген до пласманот во наредното коло дојде благодарение на победата во гости во првиот натпревар, кога славеше против Лудогорец со 2-1, бидејќи реваншот заврши без голови.
Борусија Менхенгладбах ја надигра Фиорентина во Италија со 4-2 и се пласира во следната фаза поради тоа што тимот од Серија А победи во Германија со 1-0.
Лион го прегази АЗ Алкмар со 7-1 и со вкупен резултат 11-2 се пласира во осминафиналето на Лигата на Европа, каде што ќе го гледаме и Генк, кој по ремито со Астра (2-2) во првиот натпревар, реваншот го заврши со победа и обезбеди пласман во следната фаза.
Ростов ја елиминира Спарта од Прага, додека Гент направи изненадување и го елиминира Тотенхем. Гент славеше во првиот натпревар со 1-0, така што ремито 2-2 во Лондон беше доволно да ја исфрли екипата на Покетино од Лигата на Европа.
Еден натпревар е завршен по продолженијата. Шахтар во Донецк ја дочека Селта со капитал од 1-0 од „Балаидос“, но во реваншот шпанскиот клуб постигна два гола и се пласира во наредното коло на Лигата на Европа.
Ждрепката за осминафиналето на Лигата на Европа на програмата е денес, од 13 часот.

Најнови вести