Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2017

Лига на Европа: Јунајтед во Русија, германско и белгиско дерби

Манчестер јунајтед во осминафиналето на Лигата на Европа ќе игра против Ростов, додека во еден од најинтересните дуели ќе се сретнат Олимпијакос и Бешикташ.

Ништо помалку интересно нема да биде ниту во германското дерби меѓу Шалке и Борусија од Менхенгладбах, а ниту во судирот меѓу белгиските претставници Гент и Генк.
Селта од Виго во првата средба ќе го дочека Краснодар, АПОЕЛ ќе биде домаќин на Андерлехт, Ајакс ќе гостува во Копенхаген, додека добар фудбал се очекува и во средбата меѓу Олимпик од Лион и Рома.
Првите натпревари на програмата се на деветти март, а реванш-дуелите седум дена подоцна.
Големото финале е закажано за 24-ти мај на „Френдс арената“ во Солна.

Лига на Европа, осминафинале:
Селта – Краснодар
АПОЕЛ – Андерлехт
Шалке – Менхенгладбах
Лион – Рома
Ростов – Манчестер јунајтед
Олимпијакос – Бешикташ
Гент – Генк
Копенхаген – Ајакс

 

Најнови вести