Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2017

Проблеми за Шалке: Налдо и Рахман ја завршија сезоната

Искусниот бразилски стопер Налдо нема веќе да може да му помогне на Шалке оваа сезона.

Оваа вест ја потврди Маркус Вајнцирл, тренерот на „рударите“. На триесет и четиригодишниот Налдо му пукнал бутниот мускул во реванш-натпреварот од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа против ПАОК и дури следната сезона ќе биде подготвен за игра.
Налдо пред Шалке, играше за Вердер и Волфсбург и се истакна со сигурност и одличните слободни удари, но никогаш не се проби во националниот тим на Бразил.
До оваа средба, одигра 18 натпревари и постигна еден гол и имаше една асистенција.
Баба Рахман се здоби со тешка повреда на коленото на Африканскиот куп на нациите, а по операцијата и деталните лекарски прегледи е установено дека ќе мора да паузира околу седум месеци.
На Рахман му настрадале предните вкрстени лигаменти, оштетен му е менискусот и го чека долго закрепнување.
Левиот бек на Шалке кој е играч на заем од Челзи ќе помине уште некое време во болницата во Аугсбург пред да биде пуштен на домашно лекување.

Најнови вести