Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2017

Варан неизвесен за реваншот со Наполи

Рафаел Варан, фудбалерот на Реал Мадрид, би можело поради повреда на левата тетива да го пропушти реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Наполи.

Варан се повреди во средата, во текот на првенствениот натпревар со Валенсија (1-2). Реал наведе дека по вчерашниот преглед било установено дека Варан ја повредил левата тетива, но не е соопштено колку долго ќе отсуствува од теренот.
Кралскиот клуб во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, на 15-ти февруари во Мадрид, го победи Наполи со 3-1.
Реванш-натпреварот на програмата е на седми март во Неапол. Реал денес го игра првенствениот натпревар против Вилјареал.
Екипата на Зинедин Зидан е прва на табелата на шпанското првенство со еден бод повеќе од Барселона и со три повеќе од Севилја, а има натпревар помалку.

Најнови вести