Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2017

Волфсбург повторно остана без тренер

Германскиот бундеслигаш Волфсбург и досегашниот тренер Валериен Исмаел договорно ја раскинаа соработката, соопштено е на интернет-страницата на клубот.

Како што се наведува во краткото соопштение на интернет-страницата на Волфсбург, одлуката е донесена по интензивна анализа на поразот од Вердер, кој беше петти пораз во последните шест натпревари.
„Сметаме дека договорното раскинување на соработката е најдоброто решение да се вратиме на вистинскиот пат. Одлуката не е донесена само поради поразот од Вердер, туку и поради резултатите во последно време“, се наведува во соопштението на Волфсбург.
Наследникот на Исмаел на клупата на Волфсбург ќе биде соопштен во текот на денешниот ден.
Валериен Исмаел во Волфсбург дојде во октомври минатата година на местото на Дитер Хекинг, но на клубот не му донесе многу успех, екипата се наоѓа на 14-тото место со 22 освоени бода, два повеќе од првата екипа во зоната на испаѓање.

Најнови вести