Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2017

Хидинк ќе го замени Раниери?

Гус Хидинк, некогашниот менаџер на Челзи, е еден од најголемите кандидати за наследник на Клаудио Раниери на клупата на шампионот на Англија, Лестер.

Холандскиот тренер со тоа би можело да се најде во истата ситуација во која беше и минатата година, кога на клупата на Челзи, тогашниот шампион на Англија, го замени Жозе Мурињо.
Мурињо поради лошите резултати доби отказ на средината на сезоната, а Хидинк успеа во она што се очекуваше од него – да ја стабилизира екипата и да ја подготви за доаѓањето на новиот менаџер.
Хидинк во досегашната кариера го водеше и: Валенсија, Реал Мадрид, ПСВ. Исто така, беше и селектор на репрезентациите на: Холандија, Јужна Кореја, Турција и Австралија. Најголем успех во тренерската кариера на искусниот тренер беше освојувањето на Лигата на шампионите со ПСВ во сезоната 1987/88. Покрај овој трофеј, со тој тим неколку пати беше шампион на Холандија.

Најнови вести