Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2017

Вилјареал без првиот голман до крајот на сезоната

Серхио Асенхо, голманот на фудбалскиот клуб Вилјареал, ќе го пропушти остатокот на сезоната поради повреда на коленото, вчера пренесоа шпанските медиуми.

Асенхо ги повреди лигаментите на левото колено по дуелот со Карим Бензема на натпреварот против Реал Мадрид во неделата, поради што порано мораше да излезе од игра.
Лекарските прегледи покажаа дека повредата е сериозна и дека ќе мора да паузира барем до крајот на сезоната.
На дваесет и седумгодишниот Асенхо тоа му е четврт пат да има слична повреда во кариерата.
Фран Ескриба, тренерот на Вилјареал, до крајот на сезоната од голманите на располагање ќе ги има Андрес Ферандез и Марријано Барбоса.
Вилјареал по 24 одиграни кола, се наоѓа на шестото место во шпанското првенство со 39 бодови и му претстои голема борба за пласман во европските натпреварувања следната сезона.

Најнови вести