Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2017

Симеоне го одби Арсенал

Аргентинскиот стручњак Диего Симеоне ги прекина шпекулациите, тој изјави дека останува во Атлетико Мадрид.

Како што пишува „АС“, тој го одбил Арсенал, исто така сè уште нема да се враќа во Италија, каде што го сакаат Јувентус и Интер.
Симеоне до 2018 година ќе остане во Атлетико, и тоа сега е сигурно.
Тој работи на трансферите со раководството на клубот, ќе видиме што ќе се случи со Гриезман, а како најважен план, секако со обид повторно да се стигне во завршницата на Лигата на шампионите, наведено е третото или четвртото место во најлош случај, односно квалификациите за Лигата на шампионите.
За финансиите на Атлетико, од клучно значење е да играат во европската елита.
Во однос на тоа дали ќе мора да играат квалификации за Лигата на шампионите, „јорганџиите“ планираат летни подготовки и турнеја, засега Мексико и САД имаат предност пред Азија.
Во одлуката на Симеоне да остане е и желбата да го води Атлетико на новиот стадион, на којшто ќе игра од наредната сезона.

Најнови вести