Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2017

Раниери ја одбил Фиорентина поради Премиер лигата

Клаудио Раниери, неодамна отпуштениот менаџер на Лестер, изјави дека нема намера да ја напушти Премиер лигата.

Италијанскиот стручњак, кој пред девет месеци ги доведе „лисиците“ до сензационалната титула, беше отпуштен поради лошите резултати во првенството, поради кои шампионот се најде во борбата за опстанок.
Тој по отказот, доби неколку понуди од Италија, и секако од Кина, но не сака да ја напушти Англија.
„Да, го повикаа директно. Му понудија тренерска работа во Фиорентина. Но тој го одби тоа. Како што и претходно изјавив, сака да остане во Премиер лигата, тоа ни е примарна цел“, изјави Стив Кутнер, агентот на Раниери.
Раниери во текот на тренерската кариера, меѓу останатите, ги водеше: Челзи, Јувентус, Валенсија, Интер, Рома, Парма, Атлетико Мадрид и Наполи, а кратко време беше селектор на Грција.

Најнови вести