01.3.2017 Хендерсон го пропушта и Арсенал
По хоророт во натпреварот против Лестер во понеделникот вечерта, Ливерпул го снајде нов малер.
Лестер го совлада Ливерпул во понеделникот вечерта, а на натпреварот не играше Џордан Хендерсон поради повреда.
Капитенот на Ливерпул има проблем со стапалото, но сите се надеваа дека ќе се врати за натпреварот против Арсенал.
Но тоа нема да се случи, Хендерсон ќе го пропушти и тој натпревар, што е голем проблем за Ливерпул, имајќи предвид колку проблеми имаат „црвените“ кога тој не е на теренот.
Оваа сезона Ливерпул победи на 65 отсто од натпреварите на коишто тој беше на теренот, а кога го нема, тогаш учинокот е слаб, само 33 отсто победа.
Емре Џан најверојатно повторно ќе го замени.