Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2017

Зидан без стандарден играч против Лас Палмас

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, одлучил да го одмори Каземиро во наредниот натпревар.

Реал денес, во натпреварот од вонредното коло ќе го дочека Лас Палмас, а на средбата нема да може да смета на уморниот Каземиро, кој е поштеден.
Покрај него, надвор од редовите е и повредениот Рафаел Варан, па се очекува во стартната постава да бидат Пепе и Иско.
Натпреварот на програмата е вечерва, во 21.30 часот.

Најнови вести