Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2017

Мозес го продолжи договорот со Челзи

Нигерискиот офанзивен играч Виктор Мозес го продолжи договорот со Челзи на уште две сезони, па во лондонскиот клуб ќе остане до 2021 година.

Виктор Мозес кариерата ја почна во Кристал палас, потоа играше во Виган, од каде што во 2012 година направи трансфер на „Стемфорд бриџ“. Челзи во наредните три сезони го испраќаше на заем во Ливерпул, Стоук и Вест хем, но под водство на Антонио Конте, новиот менаџер на „сините“, игра на местото десен офанзивен играч.
Мозес од почетокот на сезоната беше стартер на 25 премиерлигашки натпревари, а постигна три гола и имаше три асистенции.

Најнови вести