Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2017

Зидан: Не бараме оправдување со судиските одлуки

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, по ремито со Лас Палмас, изјави дека не сака да ги коментира судиските одлуки, за исклучувањето на Бејл и досудениот пенал, но дека може да каже дека не е задоволен како играла неговата екипа во првото полувреме.

„Како и секогаш, не сакам да се занимавам со судиските одлуки. Можам да зборувам само за нашата игра, како и за тоа каде сме згрешиле и што можеме да поправиме. Во сезоната, која навистина е долга, може да има три-четири натпревари како овој со Лас Палмас. Не сакам да бараме оправдување со судиските одлуки. Едноставно екипата на теренот не го пружи тоа што се договоривме. Претходно сите бевме среќни и пред и по натпреварите, сега не е така. Под итно мораме да свртиме друг лист. Што се однесува до Бејл, тој им се извини на сите поради неговото однесување, и тоа е тоа. Такви работи знаат да им се случат на сите на теренот при нервоза. Битно е само често да не се повторува. Мило ми е што останатите десет играчи на теренот останаа позитивни и не му забележаа. Секогаш кажувам, ние сме екипа која има само една заедничка цел и додека е така, нема да има проблеми“, изјави Зидан.
Францускиот стручњак даде коментар и за трката за титулата, која по ремито на Реал со Лас Палмас повторно е неизвесна.
„Неодамна изјавив дека освојувањето на титулата не е ниту малку лесно, иако тогаш бевме лидери на табелата. Првенството е отворено, има уште доста натпревари до крајот, а ние секако ќе се бориме до последното коло“, изјави Зинедин Зидан.

Најнови вести