Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2017

Куп на Германија: Баерн ја чека Борусија во полуфиналето

Извлечени се паровите за полуфиналето на Купот на Германија, а многу е веројатно дека ќе го гледаме најголемото дерби во борбата за финалето.

Со ждрепка во Фудбалскиот сојуз на Германија одредено е дека шампионот Баерн ќе игра со подобриот од одложениот четврт-финален дуел меѓу Борусија Дортмунд и Лоте.
„Милионерите“ не одиграа натпревар со сензацијата од третата лига поради снегот на северозападот на земјата во вторникот вечерта.
Тој е поместен за 24-ти април, кога Баерн ќе го добие својот ривал.
Во другото полуфинале ќе се сретнат Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт Франкфурт.

 

Најнови вести