Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2017

Тренерот на Билбао фаворит за клупата на Барселона

Фаворит за нов шеф на стручниот штаб на Барселона е Ернесто Валверде, актуелниот тренер на Атлетик Билбао.

Каталонците налето ќе ги напушти Луис Енрике, кој во претходните две сезони освои осум трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите и двете титули во Ла Лига.
Валверде во Билбао стигна во 2013 година, а екипата во 2015 година ја доведе до Суперкупот.
Нему договорот му истекува на крајот на сезоната, а шпанските медиуми шпекулираат дека не го продолжил бидејќи знае дека е заинтересирана Барселона.
Валверде е во добри односи со Роберто Фернандес, спортскиот директор на Барселона, кого останатите челници на клубот би можело да го поддржат во одлуката да го доведе тренерот на Билбао.
Тој како играч настапуваше за Барселона две сезони кон крајот на 80-тите години на минатиот век, а како тренер го предводеше нејзиниот градски ривал Еспањол, потоа Олимпијакос, Вилјареал и Валенсија.
Како други потенцијални кандидати се споменуваат: Хорхе Сампаоли, тренерот на Севилја, Роналд Куман, менаџерот на Евертон, Лоран Блан, поранешниот тренер на ПСЖ, потоа Оскар Гарсија, Франк де Бур и Маурисио Покетино.
Барселона најави дека новиот тренер ќе го соопшти по први јули.

Најнови вести