Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2017

Икарди: Верувам во пласман во Лигата на шампионите

Мауро Икарди, центарфорот на Интер, изјави дека неговата екипа и понатаму има шанси да го освои третото место во Серија А, местото кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Интер моментно е петти на табелата со 48 освоени бодови, односно со шест помалку од Наполи, кој е трет, а до крајот на шампионатот останува да се одиграат уште 12 кола.
„Сè уште не сме испаднале од трката за третото место. Нема да се откажеме сè додека и математички не ги изгубиме шансите. Цврсто верувам дека можеме да стигнеме до третата позиција, сите веруваме во тоа“, изјави Икарди за „Газета дело спорт“.
„Имаме обврска да продолжиме да се бориме, уверен сум дека можеме да ги оствариме своите цели“, додаде Икарди.
Интер во наредното коло гостува кај Калјари.

Најнови вести