Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2017

Бонучи по судирот со Алегри: Решивме, плаќам вечера

Леонардо Бонучи, стоперот на Јувентус, изјави дека и понатаму сака да го носи црно-белиот дрес, но и дека за неговото останување во Торино ќе одлучи клубот.

За одбранбениот фудбалер на „старата дама“ пред почетокот на сезоната беа заинтересирани Челзи и Манчестер сити, но тој одлучил да го продолжи договорот до 2021 година.
Бонучи на тренинг се судри со Алегри неколку дена пред првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Порто, па средбата ја следеше од ложата на стадионот „Драгао“.
„Јас сум во сопственост на клубот и тие одлучуваат дали ќе ме продадат или не“, изјави 29-годишниот Бонучи.
Репрезентативецот на Италија додаде дека сега и со Масимилијано Алегри е сè во ред.
„Со него го решив проблемот лице в лице. Ја прифатив неговата одлука и поради тоа ќе платам вечера за целиот тим. Работите сега се многу подобри отколку порано“, додаде стоперот на „старата дама“.
Бонучи во Јувентус стигна во 2010 година од Бари. За торинската екипа одигра 301 натпревар. Со „старата дама“ освои пет шампионски титули на Италија и два трофеи на Купот.
Прогласен е за најдобар играч на Серија А минатата сезона, а УЕФА го смести меѓу најдобрите 11 за 2016 година.

Најнови вести