04.3.2017 Сампаоли: Ништо со Барса, Севилја до смрт!
Хорхе Сампаоли, тренерот на Севилја, ги демантираше шпекулациите за можно преземање на Барселона налето. „Севилја до смрт“, изјави Аргентинецот.
Сампаоли со Севилја се бори за титулата во Ла Лига, а на добар пат е и да се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Поради тоа, шпанските медиуми него меѓу првите го истакнаа како потенцијален кандидат за нов тренер на Барселона, која налето ќе ја напушти Луис Енрике.
„Одење во Барселона? На тоа прашање немам одговор бидејќи нема такво нешто. Не знам што се зборува, но во овој дел од сезоната нема смисла да се дискутира за тоа. Поврзан сум со проектор Севилја до смрт“, изјави Сампаоли.
Севилја во четвртокот го совлада Атлетик Билбао со 1-0, трета е на табелата со два бода зад лидерот Барселона.