Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2017

Вардар поразен во Брест, заверувањеto на четврт-финалето во Скопје

Вардар беше поразен во Брест, па шансата за да го освои првото место во групата и директно да се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите ќе ја бара на негов терен следниот викенд.

На гостувањето кај Мешков нашите ракометари не освоија ниту бод, а домаќинот триумфираше со 30-26 (15-13), што е прва победа на белоруската екипа против Вардар во Лигата на шампионите.
И покрај овој пораз на Вардар, сепак останува лидер во групата Б. Исто така, со пораз натпреварот го завршија Рајн Некар во Целје и Кјелце кај Кристијанштад. „Црвено-црните“ остануваат на првото место во групата со 18 освоени бода, еден повеќе од Рајн Некар и два од Кјелце.
Вардар водеше на почетокот на средбата во Брест, а Штербик добро бранеше. Македонската екипа неколкупати имаше водство со два гола, дури имаше и шанса да зголеми на плус три при резултат 4-6. Пресвртот се случи по 18-тата минута,со одличните акции на домашниот голманот Иван Пешиќ, кој имаше десет одбрани. Во 24-тата минута од средбата Мешков израмни на 12-12 и потоа целосно ја презеде иницијативата. Домашните ракометари постигнуваа голови и од тешки ситуации, додека нашите не го погодуваа голот на Пешиќ. На полувремето Вардар заостануваше со два погодока.
Во вториот дел од натпреварот Мешков дојде до плус четири за водство од 18-14. Потоа Вардар имаше серија за 20-18 во 43-тата минута, но понатаму тешко постигнуваше погодоци, а домашните ракометари лесно возвраќаа и дојдоа до предност од шест гола, 29-23. До крајот на натпреварот „црвено-црните“ само успеаја да ја намалат разликата на четири гола.
Во следното коло Вардар го пречекува Кристијанштад, а Мешков ќе гостува во Кјелце.

Најнови вести