Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2017

Алегри постигнал устен договор со Арсенал

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, постигнал устен договор со управата на Арсенал за да дојде во Лондон следната сезона, пренесоа британските медиуми.

Алегри уште од крајот на минатата година преговара со Арсенал, а сега ја чека одлуката на тренерот на тој клуб Арсен Венгер дали ќе го продолжи договорот. Арсенал на Венгер му понудил двегодишен договор, а навивачите го критикуваат францускиот тренер поради лошите резултати и бараат да си замине.
Управата на Арсенал наводно од 67-годишниот тренер барала до крајот на месецот да ѝ одговори дали ќе остане.
Алегри би можело да го напушти Јувентус бидејќи е во судир со неколку искусни играчи, а никогаш не криел дека сака да работи во Премиер лигата.

Најнови вести