Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2017

82 гола: Рекорд на Монако на десет кола пред крајот

Фудбалерите на Монако блескаат оваа сезона, лидери се на првенството во Франција по 28 одиграни кола и имаат три бода повеќе од актуелниот шампион ПСЖ, а со 82 постигнати гола се далеку пред сите ривали.

Екипата од Кнежевството вчера лесно го совлада Нант со 4-0 со уште една добра партија на 18-годишниот  Мбапе, а речиси е неверојатен податокот дека Монако на десет кола пред крајот на првенството, го собори клупскиот рекорд по бројот на постигнати голови во сезона.
Претходниот рекорд изнесуваше 79 погодоци, а поставен е во сезоната 1977/78.
Најдобар стрелец на екипата на Леонардо Жардим е Колумбиецот Радамел Фалкао со 16 гола.
Монако оваа сезона одлично игра и во Лигата на шампионите, а на 15-ти март на неговиот стадион, во реванш-натпреварот од осминафиналето ќе се обиде да го надополни минусот од два гола од првиот натпревар против Манчестер сити (3-5).

Најнови вести