Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2017

Роналдо подготвен за средбата во Неапол

Кристијано Роналдо, офанзивниот играч на Реал Мадрид, закрепна од повредата и повторно е во составот на мадриѓаните, кои утре ќе играат против Наполи во ренванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Португалецот го пропушти натпреварот од шпанското првенство викендов против Еибар (4-1) поради проблеми со мускулите, но тоа не им пречеше на избраниците на Зинедин Зидан убедливо да победат.
Во тимот на Реал се враќаат Герет Бејл и Алваро Мората, коишто не играа во Примера лигата во саботата поради суспензија, додека повредени се само Рафаел Варан и Фабио Куентрао и нема да играат во Италија.
Мадриѓаните првиот натпревар против Наполи на „Сантијаго Бернабеу“ го добија со резултат 3-1, а стрелци беа Бензема, Крос и Каземиро, додека за тимот од стадионот „Сан Паоло“ стрелец беше Инсиње.

 

Најнови вести