Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2017

Венгер: Лага е дека Санчес предизвикал кавга во тимот

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, ги негираше извештаите на британските медиуми коишто објавија дека Алексис Санчес, напаѓачот на „топчиите“, предизвикал кавга во екипата на тренингот пред поразот од Ливерпул во саботата (3-1).

Арсенал во уште едно слабо издание оваа сезона изгуби на „Енфилд роуд“ од избраниците на Јирген Клоп, а Санчес влезе во игра во второто полувреме.
На натпреварот наводно му претходела жестока расправија на тренингот на Арсенал во чиј центар бил Санчес. Венгер изјави дека тоа е лага.
„Не сум слушнал за тоа, ништо не се случи“, изјави Венгер.
Чилеанскиот напаѓач во последно време е тема на медиумите од Островот, коишто пренесуваат дека прашање е само кој ден ќе го напушти клубот.
„Тој е посветен фудбалер, понекогаш знае да претера, но тоа е така во секој тим“, изјави Французинот и уште еднаш негираше дека постои проблем.

Најнови вести