07.3.2017 Меси или Роналдо: Кој прв ќе стане центурион?
Светскиот фудбал во последните неколку години се претвори во дуел меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а така е и во Лигата на шампионите.
Иако пред почетокот на сезоната делуваше дека Роналдо е многу поблиску до сто погодоци во најсилното европско натпреварување откако погоди 16 минатата сезона, Меси одговори.
Португалецот пред стартот на сезоната имаше 93 гола во Лигата на шампионите, десет повеќе од Аргентинецот, но во групната фаза оваа сезона постигна само два гола на шест натпревари.
Од друга страна, Меси постигна два хет-трика во групната фаза и стигна до цифрата 93 гола, само два помалку од Роналдо.
Роналдо и понатаму е во предност, не само поради двата гола повеќе, туку и поради фактот дека Реал првиот натпревар од осминафиналето против Наполи го доби со 3-1, па Португалецот најверојатно ќе го продолжи натпреварувањето.
Тоа не може да се каже и за Меси, чија Барселона е декласирана во првиот натпревар од осминафиналето во Париз од ПСЖ со 4-0.
Роналдо се наоѓа во несекојдневна серија од 523 минути без гол во Лигата на шампионите.
Статистика во Лигата на шампионите:
Меси: 112 натпревари – 93 гола (0,83 по натпревар)
Роналдо 134 натпревари – 95 голови (0,71 по натпревар)