Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2017

Ништо од Арсенал, Алегри останува во Јувентус

Џузепе Марота, извршниот директор на Јувентус, изјави дека Масимилијано Алегри останува на клупата на торинскиот клуб и наредната сезона.

Претходните денови се пишуваше дека Алегри налето ќе ја преземе екипата на Арсенал, но директорот на „старата дама“ изјави дека тоа не е точно.
„Алегри останува во Јувентус и наредната сезона. Имаме одличен однос со него, среќни сме, како и тој со нас и тука е крајот на секоја приказна. Никогаш не сме имале ниту еден проблем во комуникацијата, имаме заедничка цел и тврдам дека Алегри ќе биде наш тренер и наредната сезона“, изјави Марота.
Британските медиуми во неделата ја пренесоа информацијата дека Алегри постигнал устен договор со „топчиите“, но дека само се чека на одлуката на менаџерот на тој клуб, Арсен Венгер дали ќе го продолжи договорот.
Арсенал на Венгер му понудил двегодишен договор, а навивачите го критикуваат францускиот менаџер поради лошите резултати и бараат тој да си замине.

Најнови вести