Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2017

Шекспир останува во Лестер до крајот на сезоната

Фудбалскиот клуб Лестер наскоро ќе го претстави новиот менаџер, пишуваат британските медиуми.

Станува збор за Крег Шекспир, кој привремено го водеше клубот на два натпревари по отказот на Клаудио Раниери.
Тој седум години помина во Лестер работејќи како асистент на менаџерите, кои се менуваа, меѓу останатите и Клаудио Раниери.
Челниците на клубот преговарале со неколку кандидати, но не нашле адекватен човек за позицијата менаџер. Во прилог на Шекспир одат и резултатите бидејќи на два натпревари, на коишто го водеше клубот, забележа победи со идентичен резултат, 3-1, и тоа над екипите на Хал и на Ливерпул, па управата на клубот решила да му даде шанса до крајот на сезоната.
Негова единствена задача ќе биде да го задржи клубот во Премиер лигата, а наскоро се очекува официјалната промоција.

 

Најнови вести