08.3.2017 Сари: Ние доминиравме 50 минути против Реал, тоа е рецептот
Наполи е елиминиран со 1-3 во натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите на домашен терен од Реал Мадрид.
Маурицио Сари, тренерот на „наполитанците“, изјави дека не е задоволен од изданието на неговиот тим и додаде дека тие немале сили да издржат во ист ритам до крајот, туку само 50 минути од средбата.
„Честитки за Реал Мадрид за пласманот во четврт-финалето. Заслужено одат понатаму, иако ние доминиравме во првите 50 минути од натпреварот. Но, потоа Серхио Рамос за шест минути направи пресврт на натпреварот во корист на шпанскиот клуб. Токму затоа е голем шампион, токму затоа освоил многу трофеи и со Шпанија и со Реал Мадрид. Ние тоа сè уште го немаме, но имаме големо срце и игравме храбро во текот на двата дуели со „кралевите“. Тие се најскапиот тим, тие се европски и светски клупски шампиони, а ние имавме рецепт да им се спротивставиме. Горд сум на тоа, горд сум на мојот тим, а сега се насочуваме кон домашниот шампионат и повторно ќе се вратиме во Лигата на шампионите на почетокот на следната сезона“, изјави Маурицио Сари, тренерот на Наполи.