Корисничко име Лозинка Пријави се
08.3.2017

Зидан: Не постои среќа во фудбалот

Реал од Мадрид во двата, речиси идентични, натпревари го победи Наполи во осминафиналето на Лигата на шампионите и со вкупен резултат 6-2 обезбеди место меѓу осумте најдобри тимови во Европа.

Актуелниот шампион по 3-1 на „Сантијаго Бернабеу“, со идентичен резултат славеше и во Неапол, а интересно е тоа што и во двата натпревари губеше со 1-0.
Во првото полувреме не игравме како што треба, Наполи беше одличен. Презедоа иницијатива на почетокот на натпреварот, но ние се подобривме во продолжението. Не можеме секој пат да играме добро. Синоќа второто полувреме беше одлично“, изјави Зинедин Зидан, тренерот на мадриѓаните.
Французинот изјави дека среќата во фудбалот не игра важна улога.
„Не мислам дека имавме среќа, среќа во фудбалот нема. Резултатот јасно кажува сè. Разликата е во квалитетот, дури и ако патевме одвреме-навреме“, изјави Зидан.

Најнови вести