Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2017

Мингс суспендиран на пет натпревари

Тајрон Мингс, фудбалерот на Борнмут, е суспендиран на пет натпревари поради тоа што на натпреварот со Манчестер јунајтед со копачката го згазна на глава Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ подоцна со лакот го удри по глава при скок, а тој е суспендиран на три натпревари.
Мингс ќе ги пропушти натпреварите со: Вест хем, Свонси, Саутхемптон, Ливерпул и Челзи, а на теренот ќе се врати на 15-ти април, на средбата со Тотенхем.
Ибрахимовиќ и Мингс не се казнети за овие стартувања во текот на натпреварот, но Фудбалската асоцијација ги обвини за насилно однесување.
Челниците на Борнмут изјавија дека се многу разочарани со ваквата одлука на Фудбалската асоцијација на Англија и додадоа дека сметаат дека нема основа во тврдењата дека Мингс имал намера да го згазне шведскиот фудбалер.
Од клубот го поддржаа нивниот играч и изјавија дека Мингс два пати му се извинил на Ибрахимовиќ во текот на натпреварот.
Во соопштението на Борнмут се додава дека Мингс е дисциплиниран играч кој не добил црвен картон на последните 75 натпревари, а дека за тоа време добил само 13 жолти картони.

Најнови вести