Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2017

Македонија едно место подолу на ранг-листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија падна за едно место и сега е 166-та на најновата ранг-листа на ФИФА.

Македонија падна за едно место на ранг-листата на ФИФА и го достигна најлошиот пласман во досегашната историја – 166-тото место на табелата.
Нашите репрезентативци на 24-ти март ќе играат квалификациски дуел со Лихтенштајн, а шанси за да го подобрат пласманот ќе имаат наредниот месец.
Од селекциите во квалификациската група во која игра Македонија, најдобра е Шпанија на десеттото место, па Италија на 15-тото, Албанија се наоѓа на 54-тото, Израел на 56-тото, а најслаб е Лихтенштајн, кој е на 184-тата позиција.
Лидер на најновата ранг-листа на ФИФА и понатаму е Аргентина, а во првите десет следуваат: Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.

Најнови вести