Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2017

Јувентус без двајца стандардни играчи против Милан

Јувентус денес ќе игра дерби-натпревар против Милан, а во составот нема да бидат двајца играчи од кои многу зависи играта на овој тим.

Хуан Куадрадо и Џорџо Кјелини се играчите кои вечерва нема да играат против Милан во дербито на колото во Серија А.
Колумбискиот интернационалец е суспендиран и него би требало да го замени Марко Пјаца, додека Кјелини не е закрепнат целосно од повредата.
Кјелини има проблеми со мускулите, а на списокот со играчи за натпреварот со Милан го нема ниту Стефано Стураро, кој веќе подолг временски период е повреден.
Дерби-натпреварот се игра на стадионот на Јувентус вечерва, од 20.45 часот.

 

Најнови вести