10.3.2017 Ракитиќ во Барса до 2021, откупната клаузула 125 милиони евра
Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ го продолжи договорот со Барселона до летото 2021 година.
Двете страни потпишаа продолжување на соработката по повеќе од еден месец преговарање.
Во новиот договор има и посебна клаузула за минимална оштета за откуп, а кој ќе го сака Хрватот, ќе мора да плати 125 милиони евра.
Ракитиќ оваа сезона често беше резервен играч кај Луис Енрике, но и многу важен дел од неговата ротација.
Во Барселона направи трансфер од Севилја во јуни 2014 година, а на 145 натпревари постигна 23 погодоци.