Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2017

Голема победа на Лион, голеада во белгиското дерби

Вистински дебакл му нанесе Генк на Гент во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Европа, додека во едно од дербијата овој викенд Лион ја совлада Рома.

Францускиот тим триумфираше со 4-2 во натпреварот кој имаше два пресврта. Домаќинот водеше од осмата минута со погодокот на Дијакаби, а Рома до крајот на полувремето направи пресврт со погодоците на Салах и Фазио.
Клучниот пресврт на натпреварот го направи Лион. Прво Толизо изедначи во втората минута од продолжението, а резервниот играч Фекир постигна гол во 74-тата минута, само по три минути откако влезе од клупата.
Победата на домаќинот убедливо ја направи најдобриот стрелец на тимот Лаказет во последната минута. Лион стигна до бројката од 15 голови во елиминациската фаза оваа сезона, бидејќи на Алкмар во два натпревари му даде дури 11.
Генк во гости беше подобар од Гент со 5-2. На полувремето резултатот беше 4-1. Многу помалку голови имаше во германското дерби. Шалке на домашен терен ремизираше 1-1 со Борусија Менхенгладбах.
Со тој резултат беше завршен и натпреварот меѓу Олимпијакос и Бешикташ. Селта успеа да го совлада Краснодар со 2-1, со погодокот на Бовју во последната минута.
Реваншите на програмата се за една седмица.

Најнови вести