Корисничко име Лозинка Пријави се
11.3.2017

Дибала: Се жалат на Јувентус веќе шест години

Фудбалерите на Јувентус славеа против Милан во дербито на 28-мото коло во Серија А со резултата 2-1, со голот на Пауло Дибала во 97-мата минута од единаесет метри.

Одлуката на главниот судија Давиде Маса да покаже на белата точка по играњето со рака на Де Шилјо наиде на спротивставени реакции, но во Торино не се возбудуваат.
„Црно-белите“ на десет кола пред крајот на првенството, имаат 11 бодови повеќе од второпласираната Рома.
„Не е лесно да се преземе одговорност и да се изведе пенал. Веројатно сите уште се сеќаваат на моето промашување во Доха. Но овој пат, за среќа, погодив“, изјави Дибала.
Аргентинецот даде коментар и за детаљот кој ѝ претходеше на најстрогата казна.
„Дали има нешто спорно кај пеналот? Навикнавме на такви приказни. Во дуелот против Удинезе, арбитрите два пати не покажаа на белата точка во наша корист, но ние ништо не рековме. Милан и нашите противници се жалат на Јувентус во последните шест години. Можеби би требало да се обидат на друг начин да ја остварат целта“, додаде Дибала.

Најнови вести