Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2017

Хари Кејн ја заврши сезоната?!

Лоша вест за екипата од Тотенхем. Хари Кејн, најдобриот стрелец на Тотенхем, можеби ја заврши сезоната по повредата која ја доживеа на вчерашниот натпревар против Милвол.

Тотенхем со победата од 6-0 се пласираше во полуфиналето на ФА купот, но остана без најдобриот играч бидејќи Кејн го напушти теренот на самиот старт.
Кејн заработи тешка повреда на глуждот, а според првите прогнози, ја обновил повредата од првиот дел од оваа сезона, кога надвор од редовите беше два месеца.
„Во прашање е глуждот кој го повреди на натпреварот со Сандерленд. Ќе мораме да ги почекаме деталните прегледи, па ќе видиме. Делува дека е во прашање истата повреда и засега знаеме дека сигурно нема да биде подготвен за дуелот со Саутхемптон“, изјави Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем.
Кејн е прв стрелец на Премиер лигата со 19 голови, а исто толку постигна и Ромелу Лукаку.

Најнови вести