Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2017

Рамос го стигна Карлос, Роналдо гол до вечноста

Дефанзивниот играч Серхио Рамос повторно беше спасител на Реал Мадрид. Шпанскиот репрезентативец го постигна одлучувачкиот гол во 81-вата минута на натпреварот против Бетис (2-1) и неговиот тим го врати на првото место на табелата на Примера лигата.

Погодокот против екипата од Севилја на Рамос му беше десетти оваа сезона во сите натпреварувања и прв пат во кариерата стигна до двоцифрен број голови во една сезона.
Триесетгодишниот играч досега во дресот на мадриѓаните постигна 68 голови и на листата на стрелците кога се во прашање дефанзивните играчи го стигна Роберто Карлос, односно го престигна Фернандо Јеро (67).
Стрелецот на првиот погодок за мадриѓаните, Кристијано Роналдо во натпреварот против Бетис по 366-ти пат во кариерата ја погоди мрежата на ривалот во најсилните европски лиги и на врвот на вечната листа се изедначи со Џими Гривз.
Британецот во првенството на Англија постигна 357 голови и девет во Италија.

Најнови вести