Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2017

Конте му одговори на Мурињо: Не тренирам контранапади

Челзи и Манчестер јунајтед вечерва, на „Стемфорд бриџ“ играат дерби-натпревар од четврт-финалето на ФА купот, а веќе е почната вербална војна меѓу двајцата менаџери Антонио Конте и Жозе Мурињо.

Тренерот на „црвените ѓаволи“ го предизвика Италијанецот изјавувајќи дека неговиот Челзи игра дефанзивно и на контранапад. Конте не се потресол поради тие зборови.
„Морам да ви кажам нешто. Не важи тоа само откако сум во Англија. Генерално, никогаш, ама никогаш не тренирам контранапади. Никогаш не подготвувам тим за такво нешто. Сметам дека тоа е опција во играта, се разбира, доколку имате фудбалери коишто се многу брзи. Коста, на пример, е играч за контранапад, тоа важи за Педро и за Вилијан, нормално е дека ќе ги користат ситуациите кога ќе им се укаже празен простор, бидејќи знаат што можат да направат“, изјави Конте.
Челзи е лидер на Премиер лигата и екипата дефинитивно игра одлично со некогашниот тренер на Јувентус и селектор на Италија на клупата, а тоа го демонстрираше и во единствениот овосезонски дуел во Премиер лигата токму против Манчестер јунајтед. Тогаш „сините“ славеа со 4-0, а Конте не сака да се откаже од добитниот рецепт.
„Има разни ситуации за време на натпреварот и морате да бидете подготвени за различни начини на игра, на сите делови на теренот. Ако сте 70 минути на половината на ривалот, тогаш знаете што да правите. Ако не знаете, имате проблем. Понекогаш налетувате на екипи коишто ве принудуваат да се браните на сопствената половина, морате да знаете како да реагирате во таквите ситуации. Е, тоа се тренира, важно е да имате фудбалери способни да реагираат во споменатата ситуација“, изјави Конте.

Најнови вести