Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2017

Конте: Јунајтед ја има најдобрата екипа во Лигата

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, изјави дека е задоволен од партијата на неговата екипа во четврт-финалето на ФА купот.

„Сините“ го совладаа Манчестер јунајтед со голот на Канте и се пласираа во следната рунда.
„Одигравме добро против силен тим кој има добри играчи. Мислам дека Јунајтед има најдобра екипа во Лигата. Среќни сме бидејќи се пласиравме во наредната рунда“, изјави кратко Конте по завршувањето на натпреварот.
Конте и Мурињо се фотографирани како протестираат кај помошниот судија незадоволни од одлуките, но и како викаат еден на друг покрај теренот, па помошните судии и колегите беа принудени да ги разделуваат и да ги смируваат
Мурињо има повеќе причини да се лути бидејќи неговата екипа беше поразена со минимален резултат, а покрај тоа,  Јунајтед од 35-тата минута беше со играч помалку на теренот бидејќи беше исклучен Ерера по вториот жолт картон.

Најнови вести