14.3.2017 ФА куп: Челзи и Тотенхем, Арсенал против Сити
Познати се паровите за полуфиналето на ФА купот, во лондонското дерби ќе се сретнат Чезли и Тотенхем, а во другиот натпревар Арсенал и Манчестер сити.
Натпреварите ќе се играат на „Вембли“, на 22-ри април, а финалето на тој стадион на 27-ми мај.
Челзи до полуфиналето стигна со минимална победа над Манчестер јунајтед, додека многу полесна работа имаа останатите три клуба во завршницата.
Тотенхем го победи Милвол со 6-0, но остана без неговиот најдобар стрелец Хари Кејн на неодредено време. Арсенал рутински го победи петтолигашот Линколн со 5-0, додека Сити без проблеми славеше во Мидлсборо со 2-0.
Овие четири тима се наоѓаат на првите пет позиции во Премиер лигата, лидер е Челзи со 66 бодови, Тотенхем и Сити имаат по десет помалку, додека Арсенал е петти со 50 освоени бода, но со два натпревари помалку од четвртопласираниот Ливерпул, кој има пет бода повеќе.