14.3.2017 Дибала: Сакам на Јувентус да му ја донесам Лигата на шампионите
Пауло Дибала, ѕвездата на Јувентус, изјави дека смета дека неговиот тим е на исто ниво како Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен и дека има големи шанси да ја освои Лигата на шампионите.
„Први сме во една од најсилните лиги на светот, го победивме Наполи во првиот натпревар од полуфиналето на Купот и на добар пат сме да ја освоиме Лигата на шампионите. Кога ќе се погледнат резултатите, подобри сме од Барселона, од Реал и од Баерн. Би било одлично кога би ја освоиле Лигата на шампионите, во тимот имаме играчи кои го направиле тоа“, изјави Дибала за италијанските медиуми.
Аргентинскиот напаѓач, кој се поврзува со трансфер во двата најголеми клуба на Шпанија, изјави дека е среќен во Торино и дека нема намера да оди и покрај големиот интерес.
„Имам желба да постигнам гол во финалето на Лигата на шампионите и да му го донесам трофејот на Јувентус“, додаде Пауло.
„Старата дама“ од 20.45 часот во Торино го игра реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Порто и блиску е до пласман во следната рунда, бидејќи на „Драгао“ славеше со 2-0.