14.3.2017 Сампаоли загрижен пред реваншот со Лестер
Хорхе Самполи, тренерот на Севилја, изјави дека е многу загрижен пред реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Лестер.
Севилја вечерва, од 20.45 часот гостува кај Лестер во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Многу сум загрижен поради однесувањето на тимот... Знаеме дека со ваква игра ќе биде многу тешко да напредуваме во Лигата на шампионите. Се соочуваме со силен тим и не се дозволени грешки. Ако не бидеме подобри, ќе биде многу тешко“, изјави Сампаоли.
Шпанскиот тим во првиот натпревар победи со 2-1, но екипата на Сампаоли во овој дуел влегува по две ремија во Примера лигата.
„Екипата е премногу загрижена кога не може да создаде шанса за гол, а добро организираните противници можат да го искористат тоа“, изјави Сампаоли.
Севилја е трократен последователен освојувач на Лигата на Европа, но во најсилното европско натпреварување го нема поминато осминафиналето уште од 1958 година.
„Мораме да закрепнеме што побрзо, бидејќи нè чека важен натпревар. Мораме да направиме пресврт на оваа ситуација“, изјави Стеван Јоветиќ, фудбалерот на Севилја.