Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2017

Легенда: Икер Касилјас нов рекордер на еврокуповите

Неговиот Порто не се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампионите, но Икер Касилјас вчера испиша нова страница на фудбалската историја.

Искусниот голман стигна до неговиот 175-ти настап во европските купови и на тој начин стана нов рекордер.
Тој на првото место на вечната листа го престигна Паоло Малдини, легендарниот капитен на Милан. Касилјас во дресот на Реал настапи на 157 натпревари, пред да направи трансфер во Порто во 2015 година и да продолжи да биде редовен актер на натпреварите на европската сцена.
Малдини на второто место има 174 настапи, трет е Чави со 173, а во првите десет се уште: Сидорф, Раул, Занети, Гигс, Реина, Карагер, Буфон.
Во друштво на големите легенди е и хрватскиот репрезентативец Дарио Срна, кој го зазема 11-тото место на листата со 146 натпревари.

Најнови вести