15.3.2017 Кејн ќе се врати на крајот на април
Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, ќе паузира малку повеќе од еден месец поради повреда на глуждот.
На Кејн му настрадале лигаментите, но повредата не е тешка како на почетокот на сезоната, кога отсуствуваше седум седмици.
Речиси е извесно дека Кејн ќе ги пропушти натпреварите со: Саутхемптон, Барнли, Свонси, Ватфорд и Борнмут во Премиер лигата.
Нема да му биде на располагање ниту на селекторот на Англија за пријателскиот дуел со Германија на 22-ри март и за квалификацискиот со Литванија четири дена подоцна.
Неизвесен е и неговиот настап во полуфиналето на ФА купот против градскиот ривал Челзи, на 22-ри или 23-ти април на „Вембли“.
Кејн го дели првото место на листата на стрелците на Премиер лигата со Ромелу Лукаку, напаѓачот на Евертон, со по 19 постигнати голови.
Тој се повреди уште во десеттата минута од дуелот со Милвол во четврт-финалето на ФА купот во неделата. Тотенхем без него победи со 6-0.
Тотенхем го дели второто место на табелата на Премиер лигата со Манчестер сити, со по десет бодови зад лидерот Челзи.