Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2017

Гвардиола: Игравме само 45 минути

Хосеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, нема по убаво да го памети стотиот натпревар на клупата во европските натпреварувања откако прв пат во кариерата остана без пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

По елиминацијата од Лигата на шампионите, Гвардиола изјави дека два пати се обидел и дека ќе се обиде повторно.
„Граѓаните“ беа шокирани од фудбалерите на Монако, кои во реванш-натпреварот од осминафиналето ги совладаа со 3-1, за вкупен резултат 6-6 од двата натпревари и предност од гостински голови за „кнезовите“.
„Се обидов и се обидов. Повторно ќе се обидам. Му честитам на Монако, на ова ниво треба да се игра повеќе од 45 минути. Ние игравме само 45 минути“, изјави Гвардиола.
Ова на каталонскиот стручњак му е прв пат во кариерата екипата на чија клупа седи да не успее да ја одведе во четврт-финалето на елитното европско натпреварување.
„Нашите напаѓачи треба да бидат агресивни и да ја земаат топката, но тоа не го направивме. Не е сè во одбраната и голманот“, додаде Гвардиола.
Монако, како и на „Етихад“, тргна фуриозно од стартот и целосно ги разби гостите во првите 45 минути. Статистиката покажуваше дека топката повеќе беше кај фудбалерите на Сити, но „кнезовите“ беа тие коишто постојано се закануваа.

 

Најнови вести